Избрана најдобрата “седморка” од 4 коло на Германската бундеслига(ВИДЕО)

По завршувањето на четвртото коло во најдобрата ракометна лига на светот, беа избрани најдобрите ракометари. За најдобар голман е избран голманот на екипата на Мелсунген, Михаел Алф Апелгрин, Филип Грим од екипата на Фришенхајм кој беше еден од најдобрите поедиинци во победата на својот тим против Хановер со 27-24 е најдобро лево крило. Екипата на Магдебург во 4 коло одигра 32-32 против Гепинген,но извонредната партија на Ли Хансен и постигнатите седум погодоци беа добра препорака левиот бек на Магденбург да се најде во идеалната седморка на колото. Позицијата централен бек е резервирана за генијалниот Исланѓанец во екипата на Кил, Арон Палмарсон кој со своите девет погодоци го врати Кил на победничките патеки. Сега веќе поранешниот германски репрезентативец Холгер Гландорф, продолжува со извонредните настапи за Европскиот шампион Фленсбург. Тоа на своја кожа најдобро го осети екипата на Лубек на која Гландорф и испорача 12 голови со што си обезбеди место во идеалните седум на позицијата десен бек. Позицијата десно крило е резервирана за ракометарот на Мелсунген, Јоханес Селин со седум погодоци учествуваше во победата на својот тим против Лемго. И за најдобар пивот на четвртото коло од германската бундеслига е избран норвешкиот репрезентативец од редовите на Рајн Некар Ловен, Бјарте Мирхол кој постигна пет голови во победата на Рајн Некар Ловен над Хамбург.