Избор за гол на 6. коло: Бомбата на Вуко без конкуренција (ВИДЕО)

Голот на Вуко Борозан на дуелот против ППД Загреб во 6. коло од СЕХА-лигата е најубавиот во оваа рунда. Тој доби убедливо најмногу гласови од фановите така што се најде на највисокото место при рангирањето.

Борозан имаше одлична партија, а неговиот погодок при кој покрај топката го внесе и голманот Скок во голот беше дефинитивно најубавиот за 6. коло.