Ида Оден планира да ја заврши својата ракометна кариера

Една од подобрите репрезентативки на Шведска, Ида Оден планира да ја заврши својата ракометна кариера поради семејни причини. Централниот бек на ИК Савехоф се покажа во одлично светло на Европското ракометно првенство во Хрватска и Унгарија. Својата ракометна кариера ја започна во Борес и продолжи во Савехоф каде настапува и денес. Со екипата на Савехоф има освоено девет домашни титули додека со репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Европското првенство оваа година.