Играч со кошаркарска „банана“ го спаси празниот гол (ВИДЕО)

Играта без голман некогаш знае да биде опасна за оние тимови коишто не успеваат да ја финишираат акцијата со погодок. Сепак, некои играчи знаат да одиграат и во одбрана, а таков беше и случајот со ракометарот на Ла Риоха кој успеа да се врати навреме и атрактивно да го спаси својот гол и да ја исфрли топката во корнер.

Ова беше средба од првенството на Шпанија на која Ла Риоха го совлада Ваљадолид со 34:30.