Играч на Вардар го предводи најдобриот тим од викендот во ЛШ (ВИДЕО)

Ако некој имаше дилема кој ракометар на Вардар заслужува да влезе во најдобриот тим на првите дуели од осминафиналето, ЕХФ го разреши ова со потврдувањето дека Дејан Милосављев е најдобриот голман во Лигата на шампионите.

Милосављев го предводи тимот на колото во кој е најдоа и по двајца играчи на Келце, двајца од Рајн Некар и по еден од Флензбург и Мотор Запорожје. Играчите од Келце се добро познати бидејќи се работи за поранешни „вардарци“, Циндриќ и Душебаев.

Како што е познато, Милосављев беше прогласен за МВП на натпреварот против ППД Загреб, а воедно и го излуде овој тим со своите одбрани од кои најголемиот дел беа зицери. Инаку, имаше 45% на одбранети удари.

Сите играчи можете да ги видите подолу според позициите, а нивните најдобри потези можете да ги погледнете во видеото на следниот ЛИНК.

ТИМ НА ПРВИТЕ ОСМИНАФИНАЛНИ ДУЕЛИ

ГОЛМАН: Дејан Милосављев (Вардар)

ЛЕВО КРИЛО: Валур Сигурдсон (Рајн Некар)

ЛЕВ БЕК: Расмус Лауге (Флензбург)

СРЕДЕН БЕК: Лука Циндриќ (Келце)

ДЕСЕН БЕК: Алекс Душебаев (Келце)

ДЕСНО КРИЛО: Арцем Козакевич (Мотор З.)

ПИВОТ: Јаник Колбахер (Рајн Некар)