Игор Карачиќ: Се надевам дека работите ќе тргнат во наша насока

Вардаровиот централен бек и еден од клучните играчи во тимот „црвено-црните“, Игор Карачиќ со свој став за вечерното финале и македонското дерби Вардар-Металург:
Сигурно дека е императив и за едните и за другите да започнат сезона со освојување на некој турнир, две големи екипи со многу големи имиња, сигурно дека ќе дадеме се од себе да започнеме со победа, сигурно нема да биде лесно да се започне со пораз, победата ќе ни ја олесни работата значително. Имаме доста нови играчи сигурно дека се тоа искусни и квалитетени играчи, но се мора добро да се уигра. Немаме многу време на 31 играме прв натрпевар од СЕХА лига против Војводина, потоа следуваат Металург и Веспрем па Лигата на шампиони. Пак ќе кажам играчите се добри и искусни и сметам дека нема да имаме проблем вечер и се надевам работите ќе тргнат во наша корист.