Игор Карачиќ: Влеговме и излеговме од теренот во Арена како Европски шампиони

Игор Карачиќ беше меѓу подобрите на мечот против Загреб и одигра одлично особено во нападот. Тој мораше да биде во најголем дел од времето на теренот бидејќи Циндриќ не настапи, а оценката на крајот од средбата беше позитивна.

„Се сеќаваме добро на минатата година и целта беше да влеземе и да излеземе од теренот како Европски шампиони. Покажавме квалитет, а на крајот сè испадна одлично најмногу благодарение на одличниот Арпад Штербик. Секако и нашата одбрана, која функционираше одлично, имаше удел во тоа. Ова е веќе готова приказна за нас и сега мораме да продолжиме натаму во ист ритам. Одиме кон нови победи на следните средби“, изјави Карачиќ.