Иван Чупиќ ја потврдува фаворитската улога на Хрватска: Најдобри сме во нашата група, но воопшто нема да ни биде лесно

Десното крило на хрватската репрезентација и член на полски Киелце, Иван Чупиќ со најава дека групата Б во која настапува Хрватска нема да биде нималку лесна и покрај тоа што неговата репрезентација важи за фаворит.

Сите сме уморни, но селекторот вети дека ќе го намали темпото. Има доста нови ракометари но секогаш атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво. Ќе биде уште подобро кога ќе почнеме со победите.
Знаеме дека сме најдобри во нашата група, но повторувам воопшто нема да биде лесно.