Иван Чупиќ: Без разлика дали ќе играм минута или шеесет во финалето само да го завршам последниот натпревар за Киелце со победа! (ВИДЕО)

По двете полуфинални елиминации, полскиот шампион постигна историски успех и се пласира по првпат во големото финале на Лигата на Шамионите. Победата од два погодоци над ПСЖ 28-26 беше осигурана во последните минути на натпреварот со што составот на Талант Душебаев заслужено обезбеди влез во големото финале.

За Иван Чупиќ финалето ќе преставува последен натпревар за полскиот шампион, тој во јуни пристигнува во Скопје, затоа и финалето во најпрестижната Лига на шампиони за него ќе има и друго значење.

Во видеото подолу погледнете ја неговата изјава за 24Ракомет.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ