Иван Тасески се врати дома

Пикерот кој во минатата сезона го носеше дресот на битолски Пелистер, Иван Тасески, се врати дома, во тимот на Охрид. Тасески се обврза на едногодишна верност кон матичниот тим, каде доаѓа да ја пополни празнината по заминувањето на Дарко Јанев.

Тасески во времето на Червар се најде и на поширокиот список на репрезентацијата на Македонија, а со тимот на Охрид сезонава ќе игра и во Купорт на ЕХФ. Тој е трето засилување за „гладијаторите“ по доаѓањето на бекот Дервиш Бирдахиќ и пикерот Томислав Кљаиќ.