Иван Никчевиќ најдобар ракометар по првите дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите

Српскиот интернационалец Иван Никчевиќ, е прогласен за најдобар играч на минатото коло од Лигата на шампионите.
Крилниот играч на Висла Плоцк, постигна шест погодоци во победата над Вардар во рамките на првите дуели од осминафиналето на ова елитно натпреварување.
Плоцк гостува во Скопје во сабота на реванш натпреварот со предност од шест погодоци, причина повеќе најдобриот ракометар на Висла да биде награден од ракометните љубители за најдобар ракометар на првите елиминациски дуели.

ФОТО: PAP/ Марчин Беднарски