Иван Карачиќ: Ќе се обидеме да ги изненадиме! (ВИДЕО)

Постариот брат на централниот бек на Вардар, Иван Карачиќ, со својот клуб Мешков Брест обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот турнир од СЕХА лигата. Мешков заврши како трет во регуларниот дел од сезоната, а на свој терен оствари победа против двата македонски претставника. Токму Вардар предводен од Игор Карачиќ е новиот противник на белорускиот шампион во полуфиналето. Нексе е веќе минато, а кратко видување на тој натпревар и оној што следува со Вардар можете да погледнете во изјавата на Иван Карачиќ: