Ивано Балиќ стартуваше со новата работа

Човекот кој го претвори ракометот во префинета игра – неповторливата легенда Ивано Балиќ по завршувањето на неговата кариера како професионален играч започна нова работа како координатор на Хрватската ракометна федерација.

Неговиот прв јавен настан се случи во хрватскиот град Задар, каде што околу 150 млади девојки учествуваа на кампот кој го организираше Хрватската ракометна федерација.

“Започнувам со нова улога во спортската кариера и затоа стартувам од темел. Мојата улога како координатор е да се грижам за младите. Кампот на Хрватската ракометна федерација е основата и од тука се почнува бидејќи тука се идните генерации кои секако мора да се земат во предвид.” вели Балиќ во изјвата дадена за хрватски index.