Ивано Балиќ: Македонците се добро организирани, очекувам многу тежок натпревар

Ракометниот “Моцарт” Ивано Балиќ се наоѓа во Доха овојпат во улога на стручен коментатор на телевизијата BeIN Sports (некогашна Al Jazeera). Тој смета дека Хрватската репрезентација се уште не е во најдобрата форма и се надева дека кулминацијата ќе ја достигне на најважните натпревари. Во однос на следниот натпревар на популарните “каубои” против нашата репрезентација кој на програмата е утре, Ивано Балиќ со позитивни впечатоци за македонскиот национален тим:

Ќе биде многу тешко бидејќи Македонците се фантастични на ова СП. Одлично се уиграни, долго време играат заедно и одлично се организирани.Сигурен сум дека нема лесно да дојдеме до победа на тој натпревар. Ги гледав сите нивни натпревари.