Ивана Саздовски ја “изрешета” мрежата на Баер Леверкузен

Македонската репрезентативка, Ивана Саздовски одигра одлична партија против Баер Леверкузен иако нејзиниот тим Кобленц беше поразен минимално со 31:29 (17:15). Ивана Саздовски постигна 11 погодоци, од кои пет беа од линијата за седум метри. Втората македонка во тимот, Матилда Атанасоска се запиша еднаш во листата на стрелци. Поразот од Баер Леверкузен е четврти за Кобленц кој останува на дното на табелата со нула бодови.
Но одличните партии на Саздовски, се добра вест за селекторот на женската репрезентација – Ристо Магдинчев.