Ивана Гакидова замена за Бегоња Фернандез

Кружниот напаѓач на вториот тим на ЖРК Вардар , Ивана Гакидова ќе се приклучи на првиот тим на Индира Кастратовиќ. Откако Бегоња Фернандез заработи повреда на дуелот со Турингер во второто коло од Лига на шампионите јасно беше дека младата и надежна ракометарка ќе биде во составот на Кастратовиќ. За квалитетите на Гакидова доволно зборува одличната партија против Лајпциг кога ги бранеше боите на ЖРК Металург.

Ивана Гакидова беше дел од поширокиот список на селекторот Ристо Магдинчев за квалификациите за СП.