Ивана Гакидова во новата сезона ќе игра за Баник Мост во Чешка

Репрезентативката на Македонија и ракометарка на ЖРК Вардар, Ивана Гакидова во новата сезона ќе настапува во Баник Мост, Чешка. Младиот пивотмен на ЖРК Вардар ретко добиваше шанса во Лигата на шампионките, но во одлично светло се покажа на натпреварите од Супер лигата. Чешкиот тим, Баник Мост три години по ред го освојува домашниот шампионат и е клуб кој подолго време игра на европска сцена, а во сезоната 2012/13 го освои Челинџ купот.

gakidova

Гакидова освен за ЖРК Вардар настапуваше и за ЖРК Металург додека својата ракометна  кариера ја започна во школата на Кастратовиќ.