Иако влезе во елитата, Младост ќе игра во Прва лига

Екипата на Младост 09 не ја почна сезоната во Супер лигата иако имаше место во најсилната лига, но затоа ќе се натпреварува меѓу прволигашите. Поради финансиски проблеми екипата не беше во можност да биде дел од суперлигашите, па затоа викендов ќе стартува со натпреварите во Првата лига, а ќе гостува кај тимот на Тиквеш.

„Сите екипи од Првата лига се известени и од сите добивме позитивен одговор. Тие прифатија Младост да игра во оваа лига за да нема слободни екипи така што лигата ќе брои 14 тимови“, изјави Комесарот на лигата, Камер Металари.

Според тоа во новата сезона во Првата лига ќе играат тимовите на: Металург јуниор, Текстилец, ГРК Тиквеш, Младост 09, Вардар Неготино, Бутел Скопје, Спартак, Делчево Вардар, Струга, Риниа М, Партизан, Рудар, Преспа 2010 и Куманово.