Зошто Ивано Балиќ е во Скопје? (ФОТО)

На денешниот тренинг на Нант на теренот во СЦ „Јане Сандански“ се појави и Ивано Балиќ, еден од најдобрите ракометари на сите времиња во светот. Поранешниот соиграч на Кире Лазаров од Сиудад Реал е во Скопје, но останува само да се шпекулира која е целта на неговата посета.

Балиќ денеска се виде со колегите кои сега играат во дресот на Нант, но нема да биде никакво изненадување доколку тој оваа посета ја искористи и за некакви преговори со Вардар околу негов ангажман. Со оглед на тоа што Кокшаров стана селектор на Русија нема да биде изненадување, ако Ивано Балиќ биде вклучен во стручниот штаб.

Од друга страна можно е посетата да биде само за да го следи утрешниот дерби дуел меѓу Вардар и Нант, но и в недела меѓу Металург и Бешикташ. Познато е и дека тој со својата школа на млади ракометари беше во Сараево каде што играше против Металург, па можеби оваа посета е и за да се продлабочи соработката и воедно и да дојде до некоја соработка и со Вардар.