Зомимак убедливо против РК Преспа

Ракометарите на Зомимак пред своите фанови без никакви проблеми ја совладаа екипата на РК Преспа со 35:23 (17:10) во дуелот од петнаесетото коло од македонската лига во машка конкуренција. Бидејќи натпреварот беше решен уште во првото полувреме, во вториот дел шанса добија и оние ракометари кои имаат помала минутажа од двете екипи. Свое деби во дресот на Зомимак имаа новите ракометари, Никола Маркоски кој со својот брат Велко Маркоски постигнаа по еден погодок, а еднаш поентираше и ракометарот од Бугарија, Добрин Тунтев.

 
Фото: www.rkstrumica.mk