Зомимак подобар од Пелистер: Дрогишки ја изнарешета мрежата на рисовите

Екипата на Зомимак М на свој терен издвојува победа против Пелистер со резултат 35:30 ( 17:12) во рамките на машката Супер лига.

Заостанатиот натпревар од 11.коло го добија домаќините кои беа во водство во текот на целиот натпревар и не дозволија никакво изненадување.

Струмичаните беa предводени од Игор Павловски со девет погодоци. Во составот на битолски Пелистер најефикасен беше младиот Стефан Дрогишки кој постигна 11 погодоци со што беше и најдобар стрелец на натпреварот.