Зомимак-М се поднови со нов интернационален бек

Како што соопшти официјалната страна на струмичкиот клуб, денес е потпишан договор со второто странско засилување за тимот на Зомимак-М, Босанецот Ален Куленовиќ. 27-годишниот десен бек, висок 203 сантиметри во својата кариера забележал настапи во Лигата на Шампионите и СЕХА Лигата.

Во кариерата има настапувано за екипите на Борац од Бања Лука, Ловќен, Сутјеска и Савехов. Во Зомимак пристигнува од тимот на Тополчани (Словачка) каде настапувал минатата сезона.

Босанскиот интернационалец стави потпис на договор со важност од една година.

ФОТО:www.rkmetalurg.mk