Зомимак М му се придружи на Металург меѓу четирите најдобри екипи во Купот на Македонија!

По полуфиналните дуели во група 3 од ракометниот Куп на Македонија, Зомимак и Пелистер беа двете екипи кои го продолжија натпреварувањето во финалната рунда. Струмичките „рисови“ ја совладаа екипата на Пелистер со 34-29 и како најуспешни се пласираа меѓу четирите најдобри екипи во завршницата на Купот на Македонија.
Зомимак М 34-29 Пелистер 08 (14-12)
Единствената непоразена екипа во регуларниот тек на македонското првенство во текот на сите шеесет минути имаше водство и контрола над резултатот. По почетното изедначување на 2-2, ракометарите на Зомимак направија серија од три голови во низа за пристојна предност од 5-2 во продолжение на мечот. Во средината на првото полувреме струмичани имаа пет погодоци предност 9-4 и 10-5, но ракометарите на Пелистер се изборија за минимална предност на полувремето од два погодоци 14-12.
FLP_3470
Повторно средината на полувремето беше пресудна за конечната победа на ракометарите на Зомимак М, на секој гол на Пелистер, Зомимак возвраќаше со два за највисоки осум погодоци предност 27-19. Во ефикасен финиш на натпреварот за обете екипи, Пелистер надомести дел од високата предност на Зомимак М за конечни 34-29.
Најпрецизни во екипата на Зомимак беа Павловски и Чантурија со осум погодоци, додека Илиевски со 10 и Дрогришки со 9 беа најрасположените стрелци во редовите на Пелистер.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ