Зомимак втор македонски претставник во СЕХА

Македонија сепак ќе има два претставника во СЕХА лигата. На последниот состанок на регионалната лига, челниците на ова натпреварување дадоа зелено светло за струмичката екипа Зомимак-М која за прв пат ќе се појави во регионалното натпреварување. Покрај Зомимак и Вардар, во следната сезона ќе се натпреваруваат ППД Загреб, Нексе, Спартак Војпут, МВМ Веспрем, Борац,  Мешков Брест,Татран Прешов и Војводина.
На изненадување на експертската јавност оваа сезона ќе се одигра без турскиот претставник Бешикташ, кој покрај најавите не влезе во конечниот концепт на натпреварувањето.
Новата сезона на СЕХА лигата ќе започне на 28 август, а првиот круг ќе помине во знакот на меѓусебните пресметки на претставниците од иста земја.Вардар ќе започне против Зомимак, Нексе ќе игра против ППД Загреб, и Спартак Војпут против Војводина. Босанскиот претставник Борац ќе гостува во Белорусија кај Брест Мешков, а Татран ќе го пречека актуелниот шампион Веспрем.