Зомимак во продолжение на сезоната посилни за Маркоски и Тунтев!

На неколку денa до истекот на преодниот рок, управата на струмичкиот ракометен колектив Зомимак ги соопшти засилувањата на полусезоната. Никола Маркоски, линискиот ракометар на македонската репрезентација и доскорешен член на македонскиот шампион Металург ќе настапува за струмичките „рисови“ до крајот на сезоната.
Актуелниот репрезентативец во петок ќе стави потпис на договорот кој ќе има важност до крајот на оваа сезона.
Никола Маркоски претходно има настапувано за екипите на Металург, Вардар како и за матичниот клуб Струга.
Второто име кое ќе ги засили редовите на Зомимак е Добрин Тунтев, за бугарскиот интернационалец има малку информации, тој е поранешен ракометар на Интер-Академик од Благоевград, игра на левата бековска позиција и досега има забележано настапи за младинската репрезентација на Бугарија.

Новите ракометари на Зомимак своето деби за новиот клуб ќе го имаат против тимот на Преспа во рамките на регуларниот дел од Супер лигата. Целта на струмичани е втората позиција во македонското првенство и излез во СЕХА лигата, за тоа им се потребни победи против актуелниот македонски шампион Металург, кој се опоравува од финансиските проблеми од почетокот на сезоната.