Знае ли СЕХА нешто повеќе: Во Вардар ги донесе и Талески, Портнер, Серафимов, Арсеновски…(ФОТО)

Европскиот шампион Вардар е активен на трансфер пазарот и се уште го нема комплетирано ростерот за следната сезона. Досега „црвено-црни“ станаа голманот Артурс Кугис, потоа средниот бек Павел Атман, левото крило Димитар Димитриоски, десниот бек Хозе Толедо и пивотменот Сергеј Горпишин.

Според информациите, во Вардар треба да пристигнат уште најмалку двајца ракометари, но засега нема официјална потврда на нивните имиња од страна на клубот.

Медиа тимот на регионалната СЕХА лига направи преглед на летните трансфери на клубовите што ќе играат во оваа конкуренција, а случајно или не, како нови засилувања за Вардар ги потврдија и Мартин Серафимов и Филип Арсеновски од Металург, Филип Талески од Рајн Некар Левен и голманот на Монпелје, Никола Портнер.

Дали се работи за грешка или медиа тимот на СЕХА знае нешто повеќе од нас и од навивачите, останува да видиме во следниот период.