ЗНАЕТЕ ЛИ КАКО СЕ СТАНУВА ШАМПИОН?

Ова е прашањето вредно голем трофеј и златен медал. Ова е прашањето на кое сите бараат одговор некаде таму во септември кога почнува сезоната или можеби уште во август кога се означува старт на подготовките. Тогаш кога сите се на исто ниво и никој не знае како ќе ја отворат сезоната споредбите се исклучиво на квалитетите на играчите.

А одговорот на прашањето не е тежок.

Глоговац остана вечен со познатата реплика од филмот „Небеска удица“: „Сине, знаеш ли како се станува вистински шампион? Така што ќе излезеш на терен кога е најтешко и ќе победиш!“

Од денеска има уште еден одговор, кој ќе биде вечен за сите фанови на Вардар.

„ТАКА ШТО ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕШ ДРЕСОТ НА ВАРДАР, ЌЕ ИЗЛЕЗЕШ НА ТЕРЕН (дури и ако губиш седум разлика на полувреме) И ЌЕ ПОБЕДИШ!“