Злато за Данска на Младинското Светското првенство

Репрезентацијата на Данска се закити со злато на Младинското Светското првенство кое се одигра во Русија.

Ракометарките на Данска одиграа драматично финале против Русија, кое заврши со нерешен резултат во регуларниот дел 28-28 (15-12). По двете продолженија, Данска беше подобра и славеше победа со конечен резултат 32-28.

Репрезентацијата на Романија го освои бронзениот медал и го доби најдобриот централен бек на првенството.

Дополнително во идеалниот состав на првенството се најдоа две ракометарки на Данска и Русија, а свои преставници имаа и Германија и Норвешка.

„Ол-стар” тим

Голман: Алтеа Ребека Рејнхард  (Данска)
Лево крило: Јулија Голикова (Русија)
Централен бек: Кристина Ласло (Романија)
Десен бек: Антонина Скоробогатченко (Русија)
Лево крило: Лерке Педерсен (Данска)
Пивот: Аника Ингенпасс (Германија)
Десно крило: Матилда Ривас Тофт (Норвешка)
FOTO: europamester.dk