“Златната рака” на Хајди Локе, ги воодушеви фановите на Ѓер (ВИДЕО)

Екипата на Ѓер по едногодишна пауза повторнo се враќа на завршниот турнир од ЕХФ Лигата на шампионите кој се одржува во Будимпешта. Унгарскиот шампион на доминатен начин ја збриша екипата на ФТЦ во четвртфиналето, а реванш натпреварот во Ѓер беше вистинска ревија на убави погодоци меѓу кои и голот на пикерот Локе.

Голманката на Ѓер, Кари Гримзбо по една успешна интервенција фрли контра која се чини не беше баш најкоректна, но тоа не ја спречи Локе со еден допир на топката да го измами противничкиот голман, за воодушевување на домашните фанови.

Атрактивниот погодок на Локе погледнете го на видеото подоле.