Златко Хорват си поигруваше со Омејер(ВИДЕО)

Голема победа славеа ракометарите на Загреб во осмото коло на Лигата на шампионите против ѕвездениот состав на ПСЖ со 25-24. Десното крило на Загреб, Златко Хорват беше посебно мотивиран на овој натпревар а тоа го докажа со двата извонредни лоб удари против еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња, Тиери Омејер.