ЗЛАТКО ХОРВАТ И ЛУКА СТЕПАНЧИЌ ОПАСНО НАСАМЕАРЕНИ НА СКРИЕНА КАМЕРА (ВИДЕО)

Ракометарите на ППД Загреб по двете победи над Кил и Целје се вистнски хит во Хрватска. Капитенот Златко Хорват и Лука Степанчиќ беа гости во Антена Радио каде требаше да го најават престојниот дуел против Веспрем кој е на програмата во сабота со почеток во 20:00 часот во Загребска Арена. И се се одвиваше во најдобар ред се додека водителот на популарната радио емисија, Саша Бунета не падна како покосен во студиото без да дава знаци на живот. Во студиото настана вистински хаос, а популарните ракометари останаа шокирани од целата ситуација. Остатокот од случувањата погледнете го на видеото подоле.