Златко Хорват: Вардар најдобро ја истемпира формата, тоа го почувствувавме во Загреб (ВИДЕО)

Екипата на Загреб после две тешки средби против Вардар дојде во Брест за уште еден обид да дојде до трофеј во СЕХА-лигата, но сите знаат дека им следат два тешки дуели на Ф4 турнирот. Загреб прво ќе мора против Нексе во полуфиналето, а потоа и против ривал од двобојот меѓу Вардар и Мешков Брест така што нема да биде воопшто лесно.

„По осмипат сме на Ф4 турнирот. Играме против Нексе кој покажа моќ и дека стана сериозна екипа. Сите го сакаме трофејот и сите ќе бидат загреани за титулата и верувам дека ќе биде вистински спектакл во Брест. Домаќинот има тешка задача. Ќе треба да го помине Вардар кој се крена во формата. Вардар одлично ја истемпира формата и ја крена во вистинско време. Сепак, Мешков Брест е одлична екипа која знае да игра добро на домашен терен“, изјави капитенот на ППД Загреб, Златко Хорват за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.