Златко Мојсоски во РК Прилеп

Новиот суперлигаш, РК Прилеп продолжува со ангажирање на нови ракометари за престојната сезона. Ново име во прилепскиот тим е Златко Мојсоски од шампионот РК Металург. Иако се повеќе се говореше дека репрезентативното крило ќе заврши во РК Пелистер, поради финансиската криза во битолскиот тим, Мојсоски беше принуден да бара друго решение.
За медиумите, Златко Мојсоски изјави :

Доволни беа пет минути разговор. Имам слушано само убави зборови за градот, градоначалникот, спонзорите и управата. Доаѓам кај дамнешни пријатели, другари, како Ице Соколоски и Рубин Седлоски. Со екипата нема да прејудицираме, одиме скалило по скалило. Дојден сум да помогнам со своето знаење и долгогодишно искуство. Претстои тешка сезона. Прво добро да стартуваме, да видиме до каде сме и после ќе правиме калкулаци.

Во првото коло од супер лигата кое стартува на 20 септември, РК Прилеп силите ќе ги одмери со РК Охрид.