„Зелено-белите“ ја прославија победата со своите најверни во Битола! (ВИДЕО)

Десетото коло од македонската Суперлига понуди интересен, возбудлив и неизвесен дуел кој во последните моменти го промовираше Пелистер за победник. Вжештената атмосфера во спортската сала „Младост“ по втор пат оваа сезона помогна за нова радост на „зелено-белиот“ дел од градот. Како изгледаа последните моменти од средбата и славјето на навивачите кои и покрај недоразбирањата со управата на клубот ги поздравија ракометарите со препознатлива песна, но и протест кон управата на клубот.