„Зебрите“ се непрепознатливи: Миркуловски и Вецлар го растурија Кил!

Тимот на Кил дефинитивно го има најлошиот старт на една сезона во последната деценија. По само 6 поминати кола, „зебрите“ веќе имаат 3 порази и се чини уште отсега испаднаа од трката за титулата во Бундес Лигата. По Хановер и Мелсунген, мерка им зема и тимот на Вецлар на Филип Миркуловски, кој славеше со убедливи 30:22.

Вецлар победата ја најави уште од стартот кога поведе со 4:1, но Кил до паузата се врати на гол негатива, 14:13. Сепак во вториот дел комплетно се распадна нивната игра и Вецлар го дои вториот дел со 16:9, за конечни 30:22. Прва виолина во домашниот напад беше норвешкиот интернационалец Бјорнсен со 8 голови, а Миркуловски даде 1 погодок.