Зебиќ: Разочарани сме, но ништо не е изгубено

Разочараност во таборот на Хрватската репрезентација по стартот на ЕП на кое токму тие се во улога на домаќини заедно со Унгарија. Шведска успеа да го замолкне Вараждин и да ја стави домашната селекција под уште поголем притисок бидејки сега мора да победи се до самиот крај доколку сака да се надева на медал од ова првенство. Една од најдобрите поединки на мечот, вардарката Маја Зебиќ со свое видување за натпреварот:

“Не е ништо изгубено, но разочарани сме. Изгоревме од преголема желба. Не одигравме ни половина од нашите можности. Денес не одигравме ништо од тоа што се договоривме. Воопшто не игравме одбрана, практично игравме без фаули а не може така да се игра на ЕП. Но, повторувам ништо не е изгубено. Подршката од публиката на крајот на натпреварот многу ни значи”– изјави Маја Зебиќ по завршувањето на вчерашниот натпревар.

фото: ehf-euro.com