Зборнаја ја покори Данска и заврши на петата позиција

Во натпреварот за 5-то место се сретнаа домаќинот Данска и некогашниот светски првак – Русија. Иако двете репрезентации се прикажаа во одлично светло во текот на шампионатот, минималните порази од Полска и Романија во четврт-финалињата го лишија од борбата за медали. Во денешниот натпревар, Русија беше посупешна во вториот дел и се избори за победа, потсетувајќи со остварениот резултат на шампионатот на машката репрезентација на Хрватска од СП 2011.

 Натпреварот започна изедначено, а домаќинот по 15тина минути игра успеа да направи мини серија која ја задржа до крајот на првиот дел во кој отиде со предност од 4 погодоци (16-12).

Русија старуваше фуриозно во вториот дел и со серијата од 5 последователни погодоци успеа да ја превземе резултатската предност во свои раце. Следуваше период во кој репрезентацијата на Данска имаше минимална предност кој беше прекината со втората серија од 5 погодоци на Русија. До крајот Данска немаше сили да возврати за конечни 25-21 во полза на Русија.

Вјахирева со 7 погодоци беше прогласена за најдобар играч на натпреварот, додека на спротивната страна ист број на погодоци додаде Јоргенсен.