За Шведска на Мундијалот играат двајца „снајперисти“ (ФОТО)

На Светското првенство за кадети во Скопје каде денеска ќе биде одработен третиот ден има неколку одлични репрезентации кои одлично би успеале да се снајдат и против повозрасни од нив. Допрва ќе излагаат на виделина оние кои имаат тим за висок дострел, но дел од ракометарите веќе се промовираат со игрите.

Двајца од играчите кои се дел од тимот на Шведска покажаа дека имаат одлична рака и дека поседуваа снајперска прецизност. „Снајперистите“ на Шведска се левиот бек Маркус Норбринк и левото крило Себастијан Шпанте.

Бекот на Швеѓаните има шут 11 од 11 после првите две кола, додека крилото 8 од 8. Со ова тие се двајцата кои имаат најмногу голови без ниту едно промашување и засега се на врвот на оваа листа.