За Пролет 62 викендов стартува европската авантура

Екипата на РК Пролет 62 денес замина за Антверпен, Белгија, каде престојниот викенд во рамките од третото коло од Челинџ купот во двомеч против КВ Сасја ќе ја бара својата европска промоција.

За противникот на РК Пролет оваа сезона не цветаат рози, по 10 одиграни кола во домашното првенство нема освоено ниту еден бод, додека скопскиот тим е на осмата позиција во македонската Супер лига. Белгискиот претставник ќе биде вистинска шанса за пласман на Пролет меѓу 16 најдобри екипи во Челинџ Купот.

Управата на Пролет одлучи двата меча да ги одигра на гостински терен. Првиот натпревар ќе се одигра утре на 28.11 со почеток во 20:00, додека реваншот е закажан за недела 29.11.2015 од 14:30.