За прв пат во историјата на ИХФ трофејот, Австралија не ја освои Океанија

За прв пат во историјата на ИХФ Трофејот во Океанија, натпреварувањето не беше освоено од Австралија во било кој од турнирите. Натпреварувањето за мажи беше доста возбудливо бидејќи домаќините Нов Зеланд го загубија првиот натпревар против Нова Каледонија 27:29 во групата А. Група Б започна исто толку возбудливо, Тахити изненадувачки лесно го порази бранителот на титулата, Австралија со 26:19. До крајот на прелиминарниот круг и Нова Каледонија и Тахити победија во сите нивни натпревари, додека Нов Зеланд и Австралија исто така се квалификуваа за полуфиналето. Во првото полуфинале Австралија тесно ја победи Нова Каледонија со 23:21 во многу возбудлив натпревар, додека Тахити ја покажаа својата намера за победа на турнирот со победата над домаќинот Нов Зеланд тесно 31:29. Финалето, исто како и на двете полуфиналиња беше прилично возбудливо. По неверојатната дефанзивна игра, Тахити ја порази Австралија 20:17 и на тој начин се квалификуваа за Интер Континенталната фаза на ИХФ Трофејот. Во натпреварот за бронзен медал Нова Каледонија беше подобра од домаќинот Нов Зеланд и со резултат 29:25 го освои третото место.
Во женска конкуренција Нов Зеланд, Вануату, Австралија и Нова Каледонија, се земјите кои се квалификуваа во полуфиналето. Во тој дел од натпреварувањето Австралија беше пресилна за Вануату и победи на натпреварот јасно 28:11, додека домаќинот Нов Зеланд мораше да вложи поголем напор во натпревар во кој доминираа одбраните и со тесна победа од 13:11 се пласираше во финале. Финалето помеѓу традиционалните ривали Австралија и Нов Зеланд, уште еднаш беше натпревар каде одбраните играа клучна улога. Нов Зеланд победи со 11: 7. Во натпреварот за бронзениот медал, Нова Каледонија беше подобар од Вануату со 30:12.
За време на настанот, премиерот на Нов Зеланд, г-дин Џон Ки имаше можност да се запознаат со ракометот, тој присуствуваше на натпреварите на екипите на Нов Зеланд. Како што е вообичаена практика, Меѓународната ракометна федерација организираше семинари за судии и тренери за време на настанот.