За пиротехника во сала: Србија казнета од ЕХФ

Дисциплинската комисија на Европската ракометна федерација, ја казни Србија, односно Српскиот Ракометен Сојуз, со 5.000 евра поради лоша организација на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Полска за пласман на ЕП одиграни на 14 јуни годинава.

Во текот на мечот, имаше два прекини. Поради користење пиротехнички средства, како и поради фрлање предмети на терен кон судиите. Српскиот Ракометен Сојуз има право на жалба во наредните седум дена.