За пет минути останаа без бодови: Преспа во силен финиш го надигра Металург јуниор

Металург јуниор испушти три бода во последните пет минути на гостувањето кај Преспа во меч кој имаше многу интересна завршница. Во средба во која неизвесноста беше присутна во текот на сите 60 минути, сè се решаваше во последните моменти од натпреварот така што тогаш беше главното.

Во првото полувреме двете екипи се менуваа во водсство. Поголем дел од времето, Металург јуниор го диктираше темпото, но домашните знаеја како да се вратат, па затоа на одмор беше само гол разлика во корист на гостите од Скопје. Металург јуниор имаше предност од 13:12.

Вториот дел беше почнат со гол од Металург и предност од 14:12, а потоа следуваше серија од 3:0 за домашните и пресврт. Мечот продолжи со игра гол за гол, а во 55. минута преку Гичев Металург јуниор стигна до предност од 21:19. Тука гостите застанаа, па со серија од 3:0 во последните пет минути Преспа ги сврте работите во своја полза, а искусните Никола Тасевски и Александар Крстевски ставија точка на овој меч за победа на тимот од Ресен.

Прв стрелец во таборот на домашните беше Тасевски со пет гола, додека со осум погодоци Марио Гичев беше далеку пред другите.