За Кузмановски победата против Спортинг треба да биде „ветер во грб“

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски одигра одличен натпревар против Спортинг и постигна пет гола така што заврши одлична работа за својата екипа. Тој заедно со Јагањац го водеше нападот, а самиот вели дека атмосферата била на високо ниво.

„После два меча кои ги загубивме против Војводина и Бешикташ против кои моравме да победиме имавме добра недела во која се подготвувавме за овој дуел. Добро бевме концентрирани на овој натпревар, а и Арсиќ беше расположен и имавме голема поддршка од него и тоа не однесе кон победата“, изјави Кузмановски.

Според коментарите сите во тимот добро ги сфатиле грешките направени на претходната средба против тимот од Истанбул.

„Против Бешикташ промашивме многу зицери. Потфрливме на тој дуел. Сега после ова ни претстои дуел со Чеховски медведи и мораме да се концентрираме и да видиме каква ќе биде ситуацијата со Лино, но ние ќе треба да се концетрираме на теренот. Тој знае многу и не насочи кон она што ни е потребно и ни помогна да дојдеме до резулттот кој на крајот успеавме да го оствариме на овој меч против Спортинг што секако е од големо значење за нас“, заврши капитенот на „металурзите“.