За добрата игра против Вардар доби признание: Марковиќ од Загреб во идеалниот тим на 5 коло од ЛШ

По завршувањето на сите натпревари од 5 коло во Лигата на шампионите, ЕХФ го избра идеалниот состав на колото, но сепак во него нема ниту македонски ракометари, а ниту ракометари на Вардар и Металург.

Дел од македонските интернационалци имаа солидни настапи, сепак не влегоа во изборот на ЕХФ, но затоа во идеалната седморка се најде левото крило на Загреб, Добривоје Марковиќ, кој против поранешниот тим имаше одличен настап.

Идеален тим на 5 коло:

Голман: Гонзало Перес де Варгас (Барселона)
Лево крило: Добривоје Марковиќ (Загреб)
Лев бек: Ханиел Лангард (Ла Риоха)
Среден бек: Енди Шмит (Рајн Некар)
Десен бек: Рамазан Доне (Бешикташ)
Десно крило: Блаж Јанц (Целје ПЛ)
Пикер: Рафаел Баена (Рајн Некар)