За Вардар се навива и во Русија (ФОТО)

Шампионот Вардар не е популарен само во Македонија и на балканските простори. Своевремено слушнавме за фан-клуб на „црвено-црниот“ тим во Мексико, а Вардар има свои навивачи и во Русија.

Тоа е сосема логично со оглед на тоа што соптственикот Сергеј Самсоненко е од оваа држава, а во ростерот има петмина руски репрезентативци.

Десното крило на Вардар и капитен на руската репрезентација, Данил Шишкарев, денешниот ден го посвети на најмалите поддржувачи на ракометот во Астрахан, градот во кој ја почна професионалната кариера.

Повеќето од нив се појавија во дресови и шалови на Вардар, а добија и потпишани картички од „црвено-црниот“ тим.