„Зариба“ германската машинерија: Шпанија е вториот финалист

Шпанија е вториот финалист на Светското младинско првенство откако вечерва во второто полуфинале ја совлада Германија со резултат 21-26. Во реприза на финалето од последниот европскиот младински шампионат поуспешни повторно беа Шпанците, овојпат без продолженија со чисти пет голови разлика. Со овој пласман Шпанија отиде чекор понапред од кадетскиот мундијал во Русија 2015 година кога завршија како четвртопласирани.

Првиот дел не наговестуваше таков расплет на настаните. Германија делуваше моќно, а играта на двете екипи изедначена. Иако кон средината на првото полувреме Шпанија ја превзема иницијативата, на полувреме двете екипи заминаа со минимална предност за Шпанците од 12-11. Разлика кој по само три минути игра во вториот дел ракометарите на Германија успеаа да ја анулираат.

Но Шпанија продолжи да ја контролира играта и во вториот дел. Наместо игра гол за гол, до средината на полувремето ја создаде највисоката разлика на натпреварот од четири погодоци, а покрај заканите на Германците одличната одбрана и голманот Ледо не дозволија противникот вистински да се вративо игра. На крајот Шпанија славеше со резултат 21-26, за голема радост и мунидјалско финале.

Во недела од 19 часот за светската титула ќе се соочат со репрезентацијата на Данска.