Започнува Европското првенство во ракомет за жени: Преглед на групите А и Б (ВИДЕО)

Од денес до 21 декември Хрватска и Унгарија ќе бидат домаќини на најдобрите ракометни репрезентации во Европа. Во 18:00, Шпанија и Полска ќе го отворат ова натпреварување, но првиот ден ќе го одбележи дуелот на еден од домаќините, Унгарија, која во Ѓер ќе се спротивстави на репрезентацијата на Русија од 20:30. Овие натпревари ќе се одиграат во рамките на групата А, каде домаќин е градот Ѓер.

Во Дебрецен ќе се одиграат натпреварите од групата Б, Норвешка и Романија ќе го започнат својот настап на ЕП 2014 од 18:15, а во вечерниот термин Данска ќе се сретне со Украина