Започнува Европското кадетско првенство во Полска: Македонија на мегдан со Русија!

Денеска од 15:00 часот нашата машка кадетска репрезентација го започнува Европското првенство кое од 14 до 24 август ќе се одржи во Полска. Противник на момците на Александар Јовиќ е репрезентацијата на Русија, земја која има одлична традиција во ракометот, и која несомнено ќе биде тежок ривал во борбата за остварување на првата победа на ова Европско првенство.

Македонските кадети како подготовка пред ова првенство одиграа квалитетни натпревари против силната репрезентација на Унгарија, преку кои видоа дека се кадарни да се носат со секоја репрезентација. На ова првенство ќе имаме прилика да го видиме тандемот Талески-Нелоски кој треба да биде носител на на нашата репрезентација, а во иднина и на сениорската.

Македонската репрезентација мора да биде најмалку второпласирана доколку сака да обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на првенството, а во спротивно ќе се бори за пласман од 9 до 16 позиција.

Натпреварот можете да го погледнете на следниот линк.