Започна финалната серија во Русија: Ростов на чекор до титулата

Со почетокот на финалната серија полека се ближи крајот на руското првенство а во финалето се најдоа фаворитот број еден за титулата Ростов Дон и Лада Тољати.

Екипата на Ростов предводена од данскиот тренер Јан Лесли прикажа одлична игра во Тољати и минималната предност која што ја стекна на почетокот на натпреварот успешно ја одржуваше до крај за конечен триумф од 25-22 (14-13).
Екатерина Илина беше незапирлива во таборот на гостинската екипа и стигна до 11 погодоци, додека младиот состав на Лада на своја страна ги имаше расположените Горшкова и Малашенко кои постигнаа по 5 погодоци.

Gorshkova

Следниот натпревар од финалната серија на програмата е веќе во вторник и доколку Ростов успее да стигне до победа тоа би значело и освојување на шампионската титула.
Во натпреварите за третото место серијата започнува исто така во вторник во Астрахан а за бронзата силите ќе ги одмерат Звезда и Астраханочка.