Започна продажбата на билети за Европското женско ракометно првенство во Унгарија и Хрватска 2014

Продажбата на билети за Европското женско ракометно првенство кое од 7 до 21 декември 2014 година ќе се игра во Унгарија и Хрватска започнува денес. Картите можат да се купат на официјалната страната на европското првенство www.ehf-euro.com.

Цените за билетите во преелиминарната рунда започнуваат да се движат од 10 евра во Дебрецин, 8 евра во Вараждин и 30 евра во Ѓер. Во четврт-финалната фаза во Осијек цените на билетите почнуваат да се движат од 6 евра за целодневна програма.

Билетите пак за главната фаза ќе бидат по цени од 11 евра (Загреб) и 20 евра ( Дебрецин), додека за финалето во Будимпешта кое на програмата е на 21 декември 2014 година, љубителите на ракометот ќе треба да издвојат од 5о евра па нагоре.

Првиот натпревар на првенството ќе се одигра на 7 декември во 18:00 часот во Ѓер, каде ќе се соочат репрезентациите на Шпанија и Полска, додека пак официјалното отворање на првенството е закажано за два и пол часа покасно (20:30 часот) со натпреварот помеѓу ко-домаќинот Унгарија и Русија.

По главната ждрепка која беше одржана на 19 јуни во Загреб, изгледот на групите е следниот:

Група А: Унгарија, Русија, Шпанија, Полска ( Ауди Арена, Ѓер)

Група Б: Норвешка, Данска, Романија, Украина (Феникс Хол, 9000 места, Дебрецин)

Група Ц: Шведска, Германија, Хрватска, Холандија (Вараждин Арена 5000 места, Вараждин)

Група Д: Црна Гора, Франција, Србија, Словачка (Градски Врт 3500 места, Осијек)

Натпреварите од главната фаза ќе се играат во Дебрецин и Загреб Арена која е со капацитет од 15 200 места. Полуфиналните натпревари и финалето ќе се играат во Ласло Пап спорт арена во Будимпешта која е со капацитет од 12 500 места.